Заев: Обезбедени се над 2 милиони вакцини, секој ден вртиме на телефоните за информација околу испораката

од Nikola Popovski
307 прегледи

Премиерот Зоран Заев денес извести рече дека државата е на чекорот до црвената линија во набавката на вакцини во однос на тоа што има склучено договори со повеќе производители и се нарачани повеќе дози можеби и повеќе од потребниот број, односно дека во наредниот период би требало да имаме два милиони и 133 илјади вакцини.

„Така беше последната нарачка за 100-те илјади вакцини од Спутник, но, секако имаме дуплирани нарачки од Кина. 200 по 200 илјади вакцини. 800 илјади преку КОВАКС механизамот. 833 илјади директно со Фајзер што се склучени“, рече Заев.

Во однос на доцнењето со испораката, oправдувањето на македонските власти е дека производителите не можат да постигнат и затоа и кај нас како и во многу земји доцни испораката на вакцини. Но како и вчера и денеска премиерот го повтори ставот дека денови се во прашање кога ќе дојде првата пратка.

„Ние секој ден вртиме на телефоните да добиеме некоја информација за истовар на вакцини и да ја споделиме. Но сепак, денови се во прашање“, вели Заев.