Премиерот Зоран Заев зборувајќи за спорот со Бугарија денеска изрази надеж дека во јуни ќе ни се даде поддршка за да се направи следниот чекор за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
„Очекуваме следната недела да направиме прва средба на граничниот премин со бугарскиот премиер Стефан Јанев. Кабинетите сè уште договораат, ќе видиме дали ќе се потврди од двете страни за да преку Црвениот крст се донираат 50 000 вакцини. Овде верувам дека ќе договориме средба помеѓу нас премиерите, министрите, за да работиме на деталите на решението. Како што реков ова е билатерално прашање, две пријателски земји треба да покажат трезвеност и рационалност во името на пријателството, на младите луѓе, на двата братски народи и да го најдеме решението за да може конечно после 16,5 години Северна Македонија да го направи следниот получекор – прва меѓувладина конференција“,рече Заев.