Заев: Oчекувам напредок во преговорите по изборите во Бугарија

од Nikola Popovski
157 прегледи

Во моментов нема разговори со Бугарија, поради празниците, но тие ќе продолжат, со пријателство, и преку Акциониот план, изјави премиерот Зоран Заев.

„После празниците ние ќе одржиме координација, со МНР и тимот од мојот кабинет, заедно со специјлниот претставник Владо Бучковски, за да продолжиме во делот на Акциониот план кој е изработен на наш предлог под раководство од министерот Бујар Османи, со кој се покриваат сите области, односно инфраструктура, образование, музика, култура… Очекуваме ако имаат идеи да ги надополнат, пред Божик кај нас, иако се пред избори. Натаму ќе продолжат и политичките контакти под раководството на двајцата министри за надворешни. Реално очекувам напредок после изборите кај нив, бидејќи нерационално е да се очекува пред изборите да се донесе некое решение кое би го ослободило нашиот пат кон Европската унија“, рече премиерот.