(ВИДЕО) Заев: Очекувам седница до крајот на оваа недела, и ќе го почекаме Иванов!

од desk2
144 прегледи

Пораките на комесарот Хан и тројцата европратеници се јасни, зборувавме дека мора да се убрзаат процесите, но тоа не значи дека треба да престанеме да бидеме внимателни, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој кажа дека трошење на повеќе денови е ризик за Македонија и се надева дека ќе има сенс од другите политичари бидејќи партиите постојат единствено за државата. Заев кажа дека очекува Собранието да се состане до крајот на оваа недела и мисли дека откако новиот претседател на Собранието ќе испрати писмо до Иванов, тој конечно ќе го даде мандатот.

Според лидерот на СДСМ, инаетот на некои политичари ја носи Македонија кон лоша иднина. На прашање дали доколку екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски не закаже конститутивна седница ќе го активираат најстариот пратеник, Заев одговори дека деловничките можности се отворени, но тие сакаат да се решава кризата по пат на дијалог.

Секој ден изгубен, е ден изгубен за Македонија,и македонските граѓани. Ние остануваме со целото внимание кн Македонија . Насочени на демократските процеси на земјата. Очекувам од новиот Претседател на собранието да го извести претседателот на државата за новото парламентарно Мнозинство, кој во следните 10 дена посче тоа ќе.може да го даде мандатот. Јас се надевам дека ќе.има.сенс од сите политички партии, затоашто  што сите ние постоиме поради иднината на  Македонија подвече Заев.

Веруваме дека никој нема да има намера да го блокира собранието и понатаму. – Додека буквално не дриблаат со изговори за некакви приватни обврски за да се одложи координацијата  на Собранието, па бараа со потписи од мнозинството да се свика седницата, потоа побараа и 6 места во комисијата за именување , сега бараат и претседател на комисијата?

Легитимно е тоа дека Собранието на пленарна седница бира членови и претседател на комисијата. Нека ги каже.јавно ВМРО ДПМНЕ своите аргументи ние ќе ги кажеме нашите и ќе гласаме кој е во право.

Нема да дозволиме некој да се крие зад одговорноста и да и штети на Македонија рече Заев. Граѓаните го губат трпението и очекуваат дебата. Процесите мора да се забрзаат. Ако Иванов и после следните 10 дена е загрижен за државата и реши да не го даде мандатот ние понудовме владина платформа зад која стојат 67 потписи. Ваквои избори кои се признати од,сите политички партии се одлична можност за Македонија.

-Остануваме на нашите изјави дека го очекуваме мандатот од г. Иванов. Треба да се следи она што е пракса и претседателот на државата треба да ја исполни својата формална улога.

Инаетот не и носи,добро на Македонија.

Јас очекувам до,крајот на ова недела Собранието да има конститутивна седница. Сето друго ќе значи банализирање и,барање изговори од ВМРО ДПМНЕ. Тоа е едноставна работа, да продолжи седницата каде што прекина на двете точки. Убеден сум и верувам дека до крајот на неделата работата на Собранието ќе продолжи, изјави Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.