Заев: Очекуваме ЕУ, вклучително и Бугарија, да го штити и негува нашиот македонски идентитет и јазик (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
228 прегледи

„Очекуваме во преговарачката рамка за Северна Македонија да пишува: Acquis-то ќе биде преведено на македонски јазик. Никако поинаку“, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

„Тоа е европска вредност. Како што ние ги штитиме сите европски идентитети, сите европски јазици, ги негуваме, ги употребуваме, ги учиме во нашите училишта, така очекуваме ЕУ, вклучително и Бугарија, да го штити и негува нашиот македонски идентитет и македонски јазик. Тоа е наше право“.