Да овозможиме декриманилизација и депанлизиација на канабисот за мали количини за лична употреба. Не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам канабис за лична употреба, вели премиерот Зоран Заев.
Заев кажа дека еден од плановите на влдата е и легализација на канабисот за медицинска употреба, како и декриминализација за мала количина за лична употреба.
„Канабисот е една од најдинамичните индустрии во Светот, и Владата ќе ги поддржува компаниите кои ќе се занимаваат овој бизнис. Искуствата кажуваат дека земјите како Канада, Чешка и Холандија заработуваат 55 милијарди долари годишно од оваа дејност. Во Северна Македонија се одобрени 59 лиценци за оваа дејност.Верувам дека парламентот ќе ги усвои законските измени. Со измените на законот за опојни дроги, ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели. Очекуваме преку 250 милиони евра профит за производство на канабис.“, рече премиерот.