Заев од Атина: „Отворен Балкан“ го трансформира регионот во зона на заедништво, ги охрабрувам Косово, БиХ и Црна Гора на соработка

од Nikola Popovski

Инспирирани од овој пристапот на Договорот од Преспа, во 2019 година, претседателот на Србија, премиерот на Албанија и јас, тогаш како премиер на Северна Македонија го инициравме ‘Отворен Балкан’. Имавме искрена намера да го трансформираме регионот од зона на конфликт во зона на пријателство и соработка. Регионалното поврзување ни отвори нови перспективи и можности, за економски развој, за заедничка иднина, за нашите народи“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на форумот на Економист во Атина.

Тој додаде дека Албанија, Србија и Северна Македонија потпишаа повеќе мултилатерални и билатерални договори за реализација на основните права за слободно движење на луѓето, производите и капиталот, како дел од зацртаните придобивки за поголема регионална соработка и унапредување на поврзувањето меѓу земјите од Западен Балкан.

„Со заедништво и со инвентивни решенија, во време на глобални кризи, можеме да го трансформираме Балканот во зона на мир и стабилност. Останувам посветен и го охрабрувам процесот на соработка на Балканот и за останатите земји како Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора“ рече Заев.

Слични содржини