Заев: Од блокадата на Законот за лични карти патат и плачат граѓаните

од Берта Китинска
294 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска објасни дека постои техничка можност граѓаните со истечени лични карти да можат да гласаат на локалните избори на 17 октомври.

Но, според него поголем проблем претставува приватниот сектор, односно деловните банки, каде што граѓаните имаат проблем да ги повлечат парите во ваква ситуација.

„За жал законот е блокиран од Левица зо амандмани иако БЕСА беше доволно флексибилна да го поднесе амандманот со одложено дејствие од 2023 за етничката определба на граѓаните во личните карти очекувајќи Европа да се изјасни по ова прашање. Со оваа блокада патат и плачат граѓаните, преку 40.000 лични карти не се издадени а се поднесени барања. Првата можност е со работа на парламентот од 1 септември да се изнајде решение, а втора работа е Министерството за правда со правилници и одлуки да даде можност и со истечена лична карта и без пасош да може да се гласа“, вели Заев.

Слични содржини