„Ова е историски момент за С. Македонија и голем успех за НАТО и нашата држава“, изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на НАТО Самит 2021 во Брисел.
Тој изјави дека сите заедно сме подготвиме да изградиме нов Балкан, со зајакнување на регионалната соработка.
„Потребно е сите земји од Западен Балкан да имаат кристално јасна европска и евроатлантска перспектива. Потребни се силни процеси на интеграции за да нема ваакум на Балканот. Сакам да упатам голема благодарност до господинот Столтенберг и широките и инклузивни консултации со засегнатите страни. НАТО е неопходен за нашата колективна безбедност. Ние сме НАТО и заедно сме посилни“, изјави Заев пред медиумите.