Денес ќе биде потпишан меморандумот за поддршка, односно првата транша од 2,6 милиони евра наменети за Северна Македонија од вкупно 15 милиони евра како буџетска поддршка за образование и вработување на младите, информира премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата во МКЦ, со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
Тој уште еднаш повтори дека бугарското вето на нашите преговори со ЕУ се одрази негативно во целиот регион.
-Нашиот напредок кон ЕУ првенствено треба да зависи од нашите реформи. Сепак, ние ќе ги интезивираме преговорите со Бугарија и досега покажавме неспорен интерес за тоа. Од Бугарија пристигнуваат сигнали за разбирање за идентитетските прашања, рече премиерот во својот говор на заедничката прес-конференција.