Заев од Давос: Македонија повторно има глас на светската економска и политичка сцена

од desk2
87 прегледи

По повеќегодишна изолација политичките лидери на Македонија и на регионот, повторно и заедно имаат свое присуство и глас на глобалната економска и политичка сцена. Нашиот став тука е слушнат: Западен Балкан создава сплотена иднина во ЕУ и НАТО, оцени денеска премиерот Зоран Заев по завршувањето на Светскиот економскиот форум во Давос.

 

– Овде во Давос привршува Светскиот економски форум. Впечатокот е јасен. Светот е глобално село, а неговите лидери знаат дека треба да да се поврзат уште повеќе и заедно да ги направат локалните средини подобро место за живеење. Форумот во Давос е многу значен за Република Македонија и особено за граѓаните на нашата земја, истакнува Заев.

Како што соопшти прес-службата на Владата на РМ премиерот на средбите во Давос добил силна поддршка за реформите што ги спроведува во Македонија.

-Политичките пријатели на Македонија и потенцијалните бизнис инвеститори ни упатија јасна порака дека реформите се клучни за економски просперитет, наведува Заев.

Претседателот на Владата ги истакнува охрабрувања и интереси за поддршка на Македонија кои стигнале на средбите кои тука ги имал со со Европската банка за обнова и развој, со гигантите Мајкрософт и Филипс, со, како што наведува, нашите пријатели и соседи, Борисов, Вучиќ и Брнабиќ, Ципрас, Тачи, Пленковиќ, Церар и со нашиот поддржувач, еврокомесарот Хан.

Заев се сретнал и со Џерард Кушнер, советникот на претседателот Трамп, со кој што имал заедничка вечера. Исто и со Ерик Шмит, директорот на Алфабет. Остварил средба и со министерот за економски развој на Русија, господинот Максим Орешки.

-Се сретнав со Биљал Буто Заради, претседателот на народната партија на Пакистан, со премиерот на Сомалија, господинот Хасан Али Каир. Се сретнав и со Џерад Коен од „Гугл Џиксо“ , со потпретседателот на белгиската Влада, со директорката на Светска банка, Кристелина Ѓеорѓиева, и со многу други пријатели на Македонија, информира Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/10156235505622932/