361
Паралели можеме да влечеме што се случи овие 4 години и што се случи пред 4 години. И само ќе кажам: Не ги трошевме народните пари во камен и во бронза. Ги трошевме во надградување на детската градинка во Градско во реконструкцијата на патот Велес – Градско. Еве се гради Градско – Дреново за да го поврземе Градско уште подобро со сите останати региони. Инвестираме во нешто што живот значи за граѓаните, кажа претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев при посетата на Општина Градско.
Тој додаде дека денес не се трошат парите на граѓаните на камен и бронза, туку на градинки и училишта и ќе се продолжи динамиката на реализација на проектите кој значат подобар и поквалитетен живот за граѓаните.