Заев од Пустец: Македонската страна нема намера да попушта во спорот и барањата со Бугарија

од Nikola Popovski
285 прегледи

Премиерот Зоран Заев при посетата на општина Пустец, Мала Преспа во Албанија изјави дека продолжуваат да работат на изнаоѓање решение со Бугарија за проблем за кој дури не знаат што е суштината на крајот, но дека ние сме пријателски земји и веруваме дека треба да си помагаме меѓу себе и да одиме напред за целиот Балкан да стане дел од Европската Унија.

Според него, проблемот настанал со краткото име на нашата држава, Северна Македонија, и уште еднаш појасни дека тоа воопшто не се разликува од она што значи Република Северна Македонија.

Тој порача дека македонската страна нема намера да попушта во спорот и барањата со Бугарија.

„Впрочем и Бугарската страна јавно ја призна реалноста за постоењето на македоснкиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа ниту некој бара, ниту има потреба некој да попушта затоа што тоа воопшто и не се разговара. Зимаме обврска за подинамично да ги градиме односите со коридорот осум кој што не поврзува Драч Албанија, Северна Македонија со Бугарија се до Турција“, истакна Заев.

Денешната посета на Пустец, Заев ја искористил за средба со пратеникот Васил Стерјовски и градоначалникот Пали Колефски, на која изразиле јасна определба за продолжување на меѓусебната соработка на Северна Македонија со Албанија.
„Сакам да уверам дека заложбите на Владата на Северна Македонија се на соодветен начин да помогне во повеќе сегменти од секојдневниот живот на месното население, почнувајќи од образовниот процес, па сѐ до прашања од комуналната сфера, за што разговаравме со градоначалникот Колефски. Подготвени сме за подинамична заедничка комуникација и продолжување на иницирање и учество во проекти од интерес на двете држави, со цел продлабочување на пријателските односи како потврда дека Албанците во Северна Македонија и Македонците во Албанија се мост за градење блиски односи меѓу двете земји“, посочил Заев.

 

Слични содржини