Во изминатите 4 години и на централно и на локално ниво сме воделе грижа за сите аспекти за граѓаните, отворивме илјадници работни места, невработеноста е падната на 15,9%, платите растат во просек и минималната и просечните во просек за над 6.300 денари, над 100 евра, комплетно економијата е раздвижена, сите крупни прашања во државата се решени, рече Заев, додавајќи дека предизвикот во наредните 4 години е економија, економски стандард, работни места, опции за младите да ги бираат работните места, изјави премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска во Радовиш, каде оствари средба со граѓаните и со пензионерите.
Според него, „многу е важно да се обединиме сите, да пружиме рака на сите, ние не сме си противници“.
-ВМРО-ДПМНЕ е нашиот противник, а вие сите знаете што може да донесе, молк, страв, режим закани, уцени, секаков вид на терор и овие денови веќе го покажаа, тоа повеќе нема да го дозволиме. Сите сме заедно, коалицијата е стабилна, јас верувам дека ќе можеме и овие денови пред изборите да објавиме кое е новото мнозинство, работиме на тоа, порача претседателот Заев.