Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на означувањето на почеток на работите на атмосферска канализација во Општина Шуто Оризари што се реализира со поддршка на еден дел од средствата од ТАВ кој концесионерот на аеродромите во нашата земја ги имаше предвидено за изградба на карго аеродром во Штип.
„Иако се определивме за политики за максимална децентрализација и самостојност на општините, ова е уште еден проект на локалната самоуправа кој добива поддршка од Владата и од нашите партнери соработници и од меѓународните финансиски институции во насока на развој на општините.
Продолжуваме да поддржуваме трајни проекти бидејќи изградбата на локалната патна инфраструктура, водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи, се за подобар животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој“, изјави Заев.