Заев: Откако ќе се примени „чеканот“ и епидемијата е ставена под контрола, следува фазата на „танц“

од Берта Китинска
164 прегледи

Стратегијата на „чекан“ и „танц“ во справување со коронавирусот e базирана на долгорочен пллан за сузбивање на вирусот преку комбинирани мерки и интензитет на нивно спроведување, напиша а на својот профил преседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој вели дека оваа стратегија предвидува комбинација на силни, остри мерки за сузбивање и намалување на вирусот  односно (чеканот) се мерките за држење под контрола на заразата (танцот).

„Чеканот“ претставува почетна и агресивна реакција кон сузбивање на заразата и добивање на повеќе време за да може да се пронајде вакцина. Во овие драстични мерки спаѓаат и мерките кои нашата држава навремено и ефикасно ги спроведува (затворање училишта, факултети, забрана за јавни собири, забрана за движење, изолација, самоизолација, тестирања). Откако ќе се примени „чеканот“ и епидемијата е ставена под контрола, следува фазата на „танц“ односно периодот до пронаоѓање на вакцината кој може да биде и подолг.Оваа стратегија дава добар резултат и може да го намали времето за справување со последиците, здравствени и економски.Ова е заедничка борба за сите нас, од нас зависи колку силно ќе удри „чеканот“ и колку долго ќе трае „танцот“. Да бидеме одговорни и сериозни, да ги почитуваме во целост мерките и задолженијата затоа што тие се за наше добро.Само така ќе излеземе како победници од оваа глобална здравствена и економска закана, пишува Заев.

Слични содржини