Премиерот Зоран Заев на новинарското прашање дали на денешната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети постигнал договор околу Тетово или сепак СДСМ ќе излезе со свој кандидат за овој град, Заев одговри:
-Пополекичка, кротко, ќе биде. Зошто? Затоа што се работи за коалициони партнери, со кои имаме голема доверба. Секако, во некои работи сме различни, тоа јавноста го знае, но секогаш сме се обидувале да изнајдеме решение, затоа што довербата и одговорноста е голема, да го водиме мнозинството во парламентот, а со тоа и извршната власт. Ваквите предизвици изискуваат време. Прво да видиме кои се кандидатите, номинирани од сите партии. Затоа реков за да побарате поддршка од помалите партии, треба да понудите и квалитетно решение, од она што имате на располагање, затоа што повикувајќи ги нашите членови и поддржувачи мора да имате аргументации за самите кандидати. Тоа се однесува за целата земја, не само за Тетово, рече Заев, додавајќи дека верува дека низ ликовите за кандидати ќе ги изнајде решение.