Заев патува за Софија: Ако се постигне решение супер, ако не се постигне сигурно ќе е позитивен исчекор

од Берта Китинска
252 прегледи

Премиерот Зоран Заев утре патува во Софија придружуван од вицепремиерот Димитров и министерот Османи, македонската делегација ќе оствари средби со бугарскиот претседател Радев, техничкиот премиер Јанев и претставници на поголемите политички партии.

Ден пред посетата Заев вели дека очекувањата не треба да бидат многу високи бидејќи во моментов Бугарија нема ниту функционално собрание ниту политичка Влада, но има волја за разговори.

Заев останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не се преговара. Тој вели дека проблемот е тоа што Бугарија има техничка влада.

„Предлогот од португалското претседателство е реално решение за кое треба да се потрудиме и ние и Бугарија, но не треба да се очекува дека ќе биде постигнато решение. Бугарија има желби за разговори и треба тоа да го искористиме.Ако се постигне решение, супер, ако не се постигне сигурно ќе е позитивен исчекор кон изнаоѓање решение веднаш штом ќе се формира политичката влада. 6 октомври е закажан Европски совет за Западен Балкан во Словенија,за време на словенското претседателство. Тоа е следна шанса, прва шанса е сега на 22 кога е Советот за општи работи а 24 и 25 има Европски совет“, рече Заев.