Заев: Плажите во Охрид се срамнети, никој не рушел повеќе дивоградби од СДСМ

од Nikola Popovski
293 прегледи

„Никој не рушел повеќе дивоградби од СДСМ и од моменталниот градоначалник на Охрид“, одговори на прашањето премиерот Зоран Заев за тоа како го коментира предлогот на УНЕСКО, градот Охрид да да биде ставен на листата на светско наследство во опасност.

Тој потенцира дека плажите во Охрид се срамнети и тој го поздрави тој потег.

„Сите бетонски платформи се урнати и сега конечно се постапува. Сакаме во последните 2 години да ги исправиме сите неправди во последните 30 години. Институциите постапуваат. Државата определи буџетски пари за да помогне на општините за да рушат и извршуваат“, истакна Заев во емисијата „Топ тема“.

УНЕСКО донесе предлог-одлука Охридскиот регион да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, а ваквата одлука треба да се формализира на состанокот на Комитетот за светско наследство во Фужоу, Кина, кој треба да се одржи од 16 до 31 јули.

„Комитетот е длабоко загрижен за заклучоците на мисијата од 2020 година, според кои високите објекти близу езерото, слабиот архитектонски квалитет на изградената средина (посебно во градовите Охрид, Струга и Поградец, но исто така и долж крајбрежјето надвор од урбаните средини), и несоодветната и претерана употреба на крајбрежната зона за туристичка инфраструктура, имаат големо негативно влијание врз универзалната вредност на регионот“, стои во извештајот на УНЕСКО.

Слични содржини