„Доаѓањето на пролетта го означува почетокот на нашата ПРОЛЕТНА ОФАНЗИВА ЗА НОВ ПРЕСВРТ НА ПОЛИТИЧКОТО ДЕЛУВАЊЕ НА СДСМ И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“, изјави вечерва старо-новиот претседател на СДСМ, Зоран Заев.
„Следува сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ, ќе внесеме нова енергија во нашите редови, ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започната борба против високата корупција и организираниот криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓани. СДСМ ќе продолжи да се менува за уште подобро да им служи на граѓаните.
Сите заедно ќе продолжиме по патот кои заедно започнавме да чекориме. Станаваме полноправна членка на НАТО Алијансата, се движиме кон полноправно членство и во ЕУ. Продолжуваме да ја градиме нашата Татковина во дом за сите граѓани, просперитетна и европска земја“, изјави тој.