По вчерашната средба во Стразбур каде опозицискиот лидер Зоран Заев и премиерот Никола Груевски се сретнаа со тројцата пратеници олеснувачи од Европскиот парламент (ЕП) – Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, Заев за Нова вели дека се уште нема никакви преговори со власта и повика на трпение.
Не се работи за тајни преговори, се работи за давање шанса на преговарачкиот процес. Разговаравме и заклучивме дека треба да продолжиме да разговараме. Сите детали внатре се ставени на хартија, но да оставиме ЕУ да биде таа која ќе ги информира и нашите граѓани и меѓународната заедница за да дадеме шанса на преговарачкиот процес, вели Заев.
видео НОВА
