502
Со мене пред 27 април и на 27 април не е разговарано за широка коалиција. Можеби со некој друг тогаш разговарале, изјави за „Фокус“ премиерот Зоран Заев, по сведочењето на поранешниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров за настаните на „27 април“ во кое кажа дека во тој период се кроел план за широкока колиција.
-Ова за прв пат го зборувам. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалиција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО, сведочеше Никола Тодоров.