Браната која што мораме да ја направиме е еден од покрупните проекти, гасификацијата на Штип, затворениот базен, инфраструктурните проекти, се најавите што ги презентираше денеска во Штип претседателот на СДСМ Зоран Заев, говорејќи за кандидатот за градоначалник од оваа партија Благој Бочварски.

„Јас сум убеден дека со ваков човек, којшто директно е мој пријател, мој потпретседател на партијата, млад, енергичен, живее со огромна љубов да се вгради во Штип, да блеска Штип како што си е редот, убеден сум дека доаѓаат сериозни убави перспективи, за сите граѓани коишто живеат во Штип, без разлика на нивната определба, етничка, партиска, верска или каква било друга, верувајќи дека заврши времето на политиканство на поделби помеѓу граѓаните“, рече Заев.
Тој најави дека во вториот дел од изборите им се приклучила и ВМРО-Народна партија.
„Коалицијата е потврдена на централно ниво, заедно стоиме во таа коалиција. Јас верувам дека дополнителната поддршка од граѓаните, симпатизери, поддржувачи на Народна партија, ќе ја засилат самата разлика, која што сакаме да ја направиме во вториот изборен круг“, истакна