Заев: Подготвени сме да објавиме записници за 5 историски личности за кои има договор

од Берта Китинска
427 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Комисијата за историски прашања од 14 записници има решено три, и дека имаат аспирација да ги решат останатите 11 записници.

Тој напомена дека работата оди во една пријателска атмосфера и за него тоа е сигнал дека сите се трудат да прават напредок.

– Нашата Влада од досега усвоените записници е подготвена на некоја од следните седници да ги објави записниците за петте историски личности, односно трите историски периоди за да испратиме порака, дека веднаш после тоа започнуваме со импелемнатција на учебниците за 2021-22 година и од бугарска и од македонска страна, за сето она што е поврзано со Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски. Сега се потребен,вистински европски чекор на пријателство, кое што ќе даде задолжение и кај нас и кај нив, за уште повеќе да работиме на градење на тоа пријателство што сакаме да го видиме и во Република Северна Македонија и во Република Бугарија, изјави Заев.

Слични содржини