(ВИДЕО) Заев поднесе кривична пријава против Груевски и Мијалков за кршење на Уставот

од desk3
97 прегледи

Првиот опозиционер Зоран Заев, денеска даде исказ во Јавното обвинителство за случајот Пуч.  Заев за време на денешното испрашнување кај Јавниот Обвинител за случајот ,, Пуч ,, поднел кривична пријава против Груевски и Мијалков за кршење на Уставот. Тој изјави дека  очекува истрагата ќе  биде запрена.

Z.Zaev 09.04.2015

Полициската акција Пуч започна кон крајот на јануари оваа година, а Заев се терети за насилство врз највисоките државни органи, односно на дека на средби со премиерот Груевски му се заканувал со докази против него. Прво- обвинетиот во случајот Зоран Верушевски пред два дена даваше изјава исказ во обвинителство, а свој исказ за случајот има дадено и премиерот Груевски.