Заев ѝ понуди коалиција на ДПА

од desk4
114 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со граѓаните на Чаир, откако претходно заедно со кандидатот на ДУИ за градоначалник, Висар Ганиу, презентираа проект на Универзитетот Мајка Тереза, информира а1он.

Тој оттаму и порача на ДПА дека и се отворени вратите за коалицирање ако ја прифатат програмата на Владата и проектите за кои се залага таа.

„Отворени се опциите за заедничка соработка“, рече лидерот на СДСМ и премиер на Владата, Зоран Заев.

За понудата до ДПА нема резерви и во ДУИ.

„Отворен простор за соработка има и од наша страна“, додаде партискиот функционер Бујар Османи.