Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека попишувачите ќе бидат во приоритетните групи за имунизирање откако во недела во Скопје ќе пристигне првата пратка на вакцини преку Ковакс системот.
„Покрај здравствените работници, повозрасните и хронично болните, треба да се вакцинираат и попишувачите, а секако во приоретните групи се и полициските службеници, војската. Ќе го следиме тој процес“, изјави Заев.
Заев денес потврди дека пратката од 24.000 вакцини доаѓа в недела.
„Информацијата ја знаевме два -три дена пред да објавиме, тоа е првиот чекор на масовната имунизација, се прима една доза“, рече Заев.