Заев: Пописот е потребен и нема одложување, ние после 20 години имаме само штета за државата

Премиерот, Зоран Заев утринава на својот фејсбук профил посочи дека претстојниот попис ни е и повеќе од неопходен и затоа не гледа причина за негово одложување.
Имено, тој вели дека пописот е алатка којашто се прави еднаш во една деценија и е потребна за стратегија и развој на економијата, стандардот и граѓаните.
„Пописот е многу потребен и нема одложување, одложуваат земји кои имаат податоци во последните 10 години, а ние немаме 20 години и тоа е на штета за државата. Кога можеме да ја завршиме работата денеска, не треба да одлагаме за утре.
Пописот е алатка којашто секоја земја не случајно ја прави на секои 10 години, токму поради тоа што од таму извираат податоци на основа на коишто се прават најефикасни политики за да може да се развива економијата, за граѓаните, за стандардот“, се вели во фејсбук објавата на Заев.

Слични содржини