Вчера се чуствував горд граѓанин во оваа наша земја, затоа што после 20 години со апелот на сите политички субјекти, на сите општественици, со професионалниот кадар на статистика под раководство на директорот Апостол и заменикот директорот, пред се, нашите граѓани во педесетина региони исклучително успешно стартуваше пописот во нашата земја, рече денеска, премиерот Зоран Заев.
– И навистина првиот ден е исклучително охрабрување за успешен попис. Секако имаме уште 24 дена до 30 септември, но сакам да се заблагодарам на сите кои успешно стартуваа, пред, се на министерот за правда, на Заводот за статистика, но и на граѓаните и на попишувачите. Верувам дека податоцте ќе бидат сериозен идникатор за уште поуспешни севкупни политики на развој на нашата земја, изјави Заев