258
Во рамки на одговор на новинарско прашање, денес премиерот Зоран Заев уште еднаш посочи дека ниту еден министер и функционер се уште не е вакциниран, и потенцираше дека сите се внесени во системот и го чекаат својот ред за вакцинација.
„Најодговорно тврдам дека ниту еден министер нема примено вакцина. Не можеме поради лажните веста, да нарушиме човекови права и да кршиме пропишани закони во државата. Од Владата сите се пријавивме во системот онлајн, и го чекаме својот ред за вакцинација“, истакна Заев.