Заев: Поради одложувањето на пописот, ќе имаме пролонгирање на локалните избори

од Nikola Popovski

„За време на паузата на лидерската средба, ги контактирав претседателот на државата, спикерот и директорот на ДЗС и договоривме одложување на пописот за месец септември, поради имунизацијата на населението. Секако, дијаспората ќе продолжи да се попишува до 30-ти септември“, изјави после лидерската средба, премиерот Зоран Заев.

Тој додаде пописот сега ќе биде поддржан и од најголемата опозициска партија, по што ги повика и Левица да ја прекинат кампањата на бојкот.

„Изборната кампања за локалните избори ќе започне после 30-ти септември, па затоа и локалните избори ќе се пролонгираат за втората половина на октомври“, соопшти Заев.

Слични содржини