Заев: Постигнавме квалитетно решение со матурантите, ќе се полагаат два екстерни предмети

од Nikola Popovski
329 прегледи

„Најдовме квалитетно компромисно решение со матурантите. Водиме грижа за младите луѓе и затоа им излегуваме во пресрет. Се договоривме матурата да се состои од 2 екстерни испити, додека третиот да биде префрлен како интерен, со што матурантите не би имале проблем при уписот на факултетите“, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со раководството на Сојузот на средношколци.

Тој исто така истакна дека се договориле оваа година полагањето на државната матура да започне од 5-ти јуни.

„Ги охрабрувам да продолжат да бидат гласни за секое прашање од нивен интерес. Научивме многу и прифативме многу дури и од луѓе како средношколците“, истакна Заев.

Исто така било утврдено да се формира работна група, која ќе биде составена од претставници на Бирото и од Сојузот и наставници номинирани од Сојузот на средношколците и која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити. Со неа ќе претседава претставник од канцеларијата на претседателот на Владата, а целиот овој процес треба да заврши некаде до средина на март.

Слични содржини