Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција, укажувајжи дека може да не се одржи Меѓувладината конфернција со ЕУ изјави дека има работи за кои што никаде во светот не се преговара, па тоа нема да биде случај и кај нас.
– Правиме напори до последен момент, ќе дадеме се што може од наша страна како енергија, како памет, како мудрост, но секако знаете има работи за кои што никаде во светот не се преговара, па ни кај нас ќе се преговара. Тоа и бугарската страна го сфаќа, сфаќа дека нашиот идентитет, нашиот македонски јазик се наше чувство, наше право. Државите не преговараат за оваа работа, така што ние продолжуваме да изнаоѓаме решенија коишто секако би биле прифатливи за двете страни. Но, дефинитивно стојам и денеска како на тој 11 Октомври еве дека постои серозна можност ние да не добиеме прва меѓувладина конференција со ЕУ, изјави премиерот, одговорајќи на новинарско прашање.
Додаде дека Владата има обврска државата да оди напред, државата да успева и слично и, како што наведе, би било навистина глупаво или неодговорно да направиме нешто што ќе го стави под прашање процесот на разговорите, односно ќе предизвика нелагодни ситуации или основи за непостигнување на договор.
– Не велиме дека ќе се постигне договор, одговорив дека постои голема веројатност да не се постигне договор. Остануваме оптимисти заради тоа што низ оптимизмот може навистина да бидеме и креативни и да изнајдеме решение, исткана премиерот.
За опозицијата, вели дека е неприфатливо да се прави политикантство и да се собираат политички поени и да се гледа политички интерес од нешто што е стратешки интерес на државата, како што е првата меѓувладина конференција.
– Апсолутно за ништо не им е гајле и грижа што е со иднината на државата, рече Заев, одговорајќи на прашање во врска со расправата во Комисијата за надворешна политика во Собранието иницирана од опозицијата.