„2020 година беше една од најтешките години во поновата историја на човештвото, а останува и понатаму да бидеме крајно внимателни. Но, оваа планетарна криза го извади најдоброто од човештвото – соработката, пријателството и солидарноста“, објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Според него, солидарноста и поддршката преку споделување на вакцини од Србија за Северна Македонија, е израз на традицијата во регионот – првата рака на помош да се подаде кон најблискиот сосед, кон комшијата.
„Треба да продолжиме да ги негуваме засекогаш пријателството и меѓусебната поддршка меѓу народите и државите, за сите заеднички идни предизвици. Посакувам и повикувам секој еден од нас да придонесе, за да има мир, здравје и љубов на Балканот“, стои во објавата на Заев.