Премиеорт Зоран Заев на новинарско прашање кога очекува јавниот обвинител Марко Зврлевски да поднесе оставка ,рече дека е ред да се даде шанса брзо да почнат реформите во правосудството и додаде дека Зврлевски е еден од симболите за узурпирана правна држава поради што е неопходно што поскоро да си поднесе оставка.

– Денеска е првиот работен ден по мојот повик за оставка и ги очекувам реакциите на јавниот обвинител. Реформите се приоритет на оваа Влада и нешто што граѓаните го очекуваат од нас, а една од најзначајните реформи и реформата во правосудството.
Еден од симболите за узурпирана правна држава е Марко Зврлевски и затоа верувам дека што поскоро треба да поднесе оставка, посочи Заев.