Заев: Пратениците од СДСМ ќе гласаат за една изборна единица

од Aleksandar Todeski
302 прегледи

Имав чест како претседател на владата и претседател на СДСМ да дадам свое размислување во името на партијата. Ова е чекор повеќе во демократијата, кон општеството и државата. Дебатата предводена од пратениците кои се носители на иницијативата бара нов модел, мнозинството од граѓаните тоа го очекуваат. Овие модели може да донесат ризик за идно автократно однесување, вели премиерот Зоран Заев по дебатата за една изборна единица во Собранието.

„Мултиетничноста ни е распоредена насекаде низ Репбулика Северна Македонија. Мене ме радува мислата, демократијата и слободата која ја слушнав овде и затоа дојдов да присуствувам. Преку ваквиот модел, секој пратеник ќе има поголем легитимитет и тоа може да донесе до нови квалитативи. Ќе можеме на поинаков начин да учествуваме во департизацијата“, рече Заев.

Тој смета дека изборниот законик може да се менува и без ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но сепак е убаво сите да го гласаат.

„Сакам како претседател на најголемата политичка партија, да испратам порака до ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да размислат внимателно. Ако некој изгуби, ќе изгубат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но ќе добие демократијата. Опцијата за коалиционен настап останува, не значи дека сите треба да одат самостојно. Повикав и потврдив дека парламентот може да смета на Социјалдемократски глас преку пратениците. Не знам дали со гласовите на СДСМ ќе има гласови, но иницијаторите нека разговараат со своите колеги, СДСМ застанува зад оваа иницијатива“, истакна премиерот Заев.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини