Денес во Собранието доставив предлог Програма за работа и предлог состав на новата влада на Република Северна Македонија. Нз изборите граѓаните го потврдија правецот и ставот кој денес го преточуваме во конкретни кадри и програма, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.
„Денеска до Собранието предлагам одговорни, професионални и отчетни кадри кои ќе ги задолжам со конкретна мисија и цели, во ваше име. Кои ќе имаат задача да работат исклучиво за граѓаните и европската трансформација за нашата земја. Очекувам претседателот Талат Џафери да даде доволно време, пратениците да се запознаат со програмата, но исто така и со биографиите на предложените кандидати. Очекуваме квалитетна дебата во Собранието и дека овие предлози ќе го добијат потребното мнозинство, по што веќе, следната недела да имаме нова влада, изјави Заев.