Заев: Предлогот Филипче да биде министер за здравство е испратен во Собранието

од desk2

Алијансата на Албанците нема да го добие министерството за здравство бидејќи предлозите за министри се веќе испратени во Собрание, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во Ноќно студио на Телма. Со тоа тој потврди дека не отстапува од одлуката нов министер за здравство да биде неврохирургот Венко Филипче.

Тој нагласи дека здравството на почеток припаднало на оваа партија заради Арбен Таравари, но него веќе го нема.

„На никого не му следува по паритет здравството туку одиме на квалитет, изборот се прави за индивидуа, не за партија. Непријатно ми е заради Села бидејќи тој беше рамо до рамо со мене во Собрание и заради тоа толку време траеја овие преговори, но не најдовме заедничко решение. Се надевам понатаму ќе градиме соработка и не само со Алијансата, туку и со будното око на опозизцијата“, изјави премиерот Заев.

За црната кампања и обвинувањата кон Венко Филипче во јавноста, Заев рече дека нема предрасуди и му дава можност како на човек во кој има визија за реформи.

„ Знаеме кога бил советник на Тодоров, тоа било на почетокот, после тоа не. Шест месеци ми е мене советник, тој е добар специјалист, добар познавач на здравството има идеи за реформи, има години за да се докажува. Нели треба да им да им дадеме можност на вакви кадри, немам предрасуди и давам предност на човекот. Ако нема резултати и како и секој ќе заврши со кариерата“, рече Заев/Телма

 

Слични содржини