Поредокот мора да важи за сите, а тоа го започнуваме со функционерите. Прекршување на закон значи затвор, а неетичко однесување значи оставка или разрешување. Ред, правда и дисциплина мора да има, истакна вечерва премиерот Зоран Заев за Националната телевизија.
Според Заев, никој не е виновен без судски пресуди, но пресуди мора да има, мора да се зголеми транспарентноста, а поредокот мора да важи за сите.
Премиерот додаде дека сите случаи од СЈО поднесени до судот се активни и сите треба да имаат завршница, но мора да се подобри ефикасноста.
-Законите ќе значат прочистување на судството, судскиот совет има механизми да види кој застарувал предмети, како се враќаат предмети, механизми за проверка имаат и Државната комисија за спречување на корупцијата, управата за јавни приходи, рече Заев.
Како што појасни, Законот за јавно обвинителство е донесен и ги има решенијата за сите случаи и за истраги, но според него, мора да се екипира судството и обвинителството, бидејќи недостасуваат кадри, а треба да се опремат и институциите, бидејќи според него, не може да пишуваат записници на машина за куцање.
-Ние отворивме фронт против криминалот и корупцијата, но јас не сум волжебник да го направам тоа сам, важни се медимуите, инстиуциите, сите карики на општеството,и дај боже да бидеме 100 % успешни, порача Заев.