Премиерот Зоран Заев во изајва за ТВ21 рече дека ја прифаќа понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за тет-а-тет средба.
Тој изјавил дека ќе има средба, без да каже датум и време.
Мицкоски вечерва во своето гостување во вестите на Сител го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници.
„Стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време, така како што нему му одговара, да разговараме за сите проблеми кои се од животно значење за граѓаните, од кризата со пандемијата до работата на Парламентот, за што е денеска отворено, а не решено. Зборувам за тет-а-тет средба како двајца претседатели на двете најголеми политички партии кои имаат повеќе од две третини пратеници во рамките на Парламентот“, рече Мицкоски.