Заев: Просечната плата продолжува да расте, економската година ги дава резултатите

од desk4
102 прегледи

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека просечната плата од месец во месец продолжува да расте и оти економската година ги дава резултатите.

-Просечната плата од месец во месец продолжува да расте! Економската година ги дава резултатите, а граѓаните ги чувствуваат ефектите. Продолжуваме и не застануваме, до крајот на мандатот на оваа Влада, просечната плата да биде 30.000 денари, напиша Заев во објавата на својот фејсбук профил.