Заев: Просечната плата продолжува да расте – од јануари минималната ќе биде 300 евра

од Берта Китинска
605 прегледи

Просечната плата продолжува да расте, во август годинава таа изнесувала 28.642 денари. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, тоа значи зголемување од 4% во однос на истиот месец лани, поточно за 1.107 денари, пишува на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев.

-Зголемувањето се должи, пред сѐ, на покачувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,0%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,4%) и Други услужни дејности (12,6%).

Доколку последниот податок го споредиме со август 2017 година кога просечната плата била 22.912 денари, разликата е 5.730 денари.

Податоците го потврдуваат трендот на раст на платите кој е економски резултат на мерките и политиките што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

Минималната, просечната плата и пензиите ќе продолжат забрзано да растат. Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра. Грижата за сите граѓани продолжува, пишува Заев.

Слични содржини