247
Денеска премиерот Зоран Заев на Самитот „Македонија 2025“, изјави дека дека заложбите на Владата на долг рок се во насока на креирање стабилен и предвидлив деловен амбиент, за реализација на инвестициски проекти.
-Владеењето на правото и борба против криминалот, корупцијата и митото, како и борбата со сивата економија, се едни од нашите главни определби. Сето ова ќе обезбеди сигурност на инвестициите. Работењето на економските процеси е најсериозен приоритет на Владата, давајќи сериозно значење на здравствениот аспект и на интегративните процеси со ЕУ, со цел обезбедување економска сигурност на граѓаните, изјави Заев.