Заев: Раст на просечната нето-плата за 5,3%

од Nikola Popovski
335 прегледи

Просечната плата континуирано расте, објави премиерот Зоран Заев.

Според него, во септември 2021 година, просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.869 денари, што е за 5,3% повеќе во однос на истиот месец минатата година, кога изнесувала 27.405 денари.

– Согласно Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (13,2%), Рударство и вадење на камен (12,8%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,5%). Економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата даваат резултат. Според трендот и реалните очекувања, просечната плата планираме да ја донесеме до ниво од 34.000 денари до средината на 2024 година, стои во објавата на премиерот.

Слични содржини