Заев: Разговараме за испразнетото место во здравство, нема други комбинации

од desk2
88 прегледи

Се работи на дебата за пополнување на министерското место во Министерството за здравство, испразнето од сегашниот градоначалник на Гостивар. Сега разговараме како тоа да се пополни и не се работи за некои други рекомбинации на Владата. Не размислуваме во таков правец, изјави денеска премиерот Зоран Заев.


– Навистина првичната распределба здравство беше дадено на Алијанса на Албанците заради доктор Арбен Таравари, кој важеше за прифатлива личност за медицинскиот персонал. Јас сум убеден дека уште неколку дена и ќе ја објавиме комплетната контура на Владата, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали има вистина во шпекулациите за реконструкција на Владата./MIA