Заев: Референдумот од 1991 беше израз на компромис меѓу македонските политички партии

од Nikola Popovski
291 прегледи

Референдумското прашање за независност во 1991 беше израз на политичките односи и израз на компромис меѓу македонските политички партии после долги и жолчни дебати, но не и со консензус меѓу заедниците, вели премиерот Зоран Заев на трибината во владата насловена „Патот на (Северна) Македонија до независноста“.

-Мојата лична опсервација на контроверзното референдумско прашање е дека во тој период најважни беа заложбите за мирно разрешување на сите комплексни прашања, кои беа врвен приоритет и на претседателот Глигоров, појаснува премиерот.

Според него, некои хроничари контроверзиите во однос на референдумот ја гледале како аспект на посебната грижа за односите што ќе има тогашната Република Македноја со поранешните југословенски републики.

Покрај премиерот на трибината говорат и Стојан Андов, Љубчо Георгиевски, Васил Тупурковски, Љубомир Фрчкоски, Ѓулистана Марковска, Насер Зибери, Џевдет Хајредини, Мухамед Халили, Денко Малески.

Слични содржини