206
Премиерот Зоран Заев денес објави дека од 1 јули се воведува еколошка такса од 3,5 денари за нафтата и за нафтените деривати, односно и за бензините.
„Нашата земја ќе ја спроведува зелената агенда – ќе има еколошки такси за компании, за употреба на јаглен и ќе има еколошка такса за нафтата и нафтените деривати. Целта е што помала употреба на фосилните деривати, да се свртиме кон зелената енергија, кон новите технологии“, рече премиерот.
Тој додаде дека со овие 3,5 дополнителни денари на нафтата, таа се уште е најевтина во С. Македонија, ако се земе во предвид цела Европа.
Парите од овие такси, како што изјави денеска премиерот, ќе бидат наменети за дополнителни проекти за зелена енергија.