Заев: С. Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи во 2020 година

од desk4
105 прегледи

„Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи во 2020 година од Lonely Planet.“, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Тој исто така истакна дека бројот на туристи е зголемен за  4,7% со што Северна Македонија полека станува актуелна туристичка дестинација.

„Државата од изолирана земја ја направивме посакувана туристичка дестинација за светските патувачи, кои се во потрага по вкусната македонска храна, убавите домашни вина и уникатната природна убавина на нашите бисерни езера и убави планини.

Факт за подобрениот туризам е и извештајот на ДЗС кој вели дека во првите 8 месеци од 2019, бројот на странски туристи се зголемил за 2,7%, а само во август зголемувањето е 4,7%.“, потенцираше Заев.

Слични содржини