Заев: С.Македонија во услови на корона криза заврши 80% од примарната и секундарната гасификација

од Берта Китинска
293 прегледи

Капиталните инвестиции продолжуваат со забрзана динамика, напиша на својот Фејбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој пишува дека се гради инфраструктура за сите и со тоа се спроведува долгорочната стратегија за изградба на инфраструктура која ќе се остане и за идните поколенија.

– Интензивно се работи на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 км водоводи и канализации. Северна Македонија во 2019 и во 2020 во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години. Со помош на нашите европски партнери, изградивме 3 пречистителни станици на главните еколошки текови во државата. Чистата животна средина носи поздраво население. Инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на секој еден граѓанин, пишува Заев.

Слични содржини