„30 години СДСМ води храбри, визионерски државнички политики што водат напред. Од вонвременскиот 8 септември 1991 година на плоштадот во Скопје, до историскиот 30 март 2020 на платото пред седиштето на НАТО во Брисел, СДСМ е нераскинлив дел од секој успех на државата и граѓаните“, изјави лидерот Зоран Заев по повод роденденот на партијата.
„Не било лесно во тие историски премрежја на Балканот да се гради сопствена независна држава, да се води процес на меѓународно признавање и неизвесната иднина да се преземе во сопствени раце.
Но народот е среќен што токму СДСМ ги водеше овие историски државнички процеси кои резултираа денес да имаме модерна, независна и меѓународно признаена држава која е партнер и сојузник со демократскиот свет. Затоа со право денес велиме дека СДСМ е државотворна партија и тој епитет постојано го потврдуваме“, вели Заев.